Само Албанија со помала куповна моќ од Македонија во Европа

Македонските граѓани имаат поголема куповна моќ само од државјаните на Албанија, покажуваат податоците за 2016 година на Евростат, кој обработи параметри од 28 земји-членки на Европска унија и од уште девет што не се дел од неа.

Откако во 2014 година куповната моќ на Македонците беше 40 проценти од просечната во ЕУ, во 2015 и во 2016 година таа се зголеми на 41 отсто, колку што беше и на граѓаните на Босна и Херцеговина, а на Албанија изнесуваше 37 отсто.

Истовремено, бруто општествениот производ на Македонија во 2014 и во 2015 година достигна 36 проценти од просечниот во ЕУ, за во 2016 година да „скокне“ на 37 отсто.

Поголема куповна моќ од Македонија од земјите од регионот имаат и Србија (46 отсто од просекот на ЕУ), и Бугарија (53 отсто), и Црна Гора (56 отсто), и Хрватска (59 отсто) итн.

Феномен во овој поглед е Турција, која има повисок животен стандард од четири земји-членки на ЕУ! Куповната моќ на турските граѓани е 64 проценти од таа во ЕУ и покрај од Бугарија и од Хрватска, тие се подобри и од Романија (61 отсто), па дури и од Унгарија (63 отсто)!

Најголема куповна моќ во Европа имаат Норвежаните, кои не се во ЕУ, но тоа не им пречи да се 33 проценти над просекот во Унијата.

Од членките на ЕУ, пак, најдобро стои Луксембург со куповна моќ од 32 отсто над таа во Унијата.

Оставете коментар