Само 3,7 отсто Македонци сметаат дека Русија е фактор во Македонија

Loading...

Соединети Американски Држави и Европска унија имаат најголемо влијание во Македонија, а Русија далеку заостанува, сметаат анкетираните македонски граѓани во истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“.

За 41 процент од прашаните во анкетата спроведена во текот на декември врз 1.100 испитаници САД се најголемиот надворешно политички фактор во Македонија, а ЕУ е на второто место со 38,1 отсто.

Во споредба со нив, минорни 3,7 отсто од Македонците сметаат дека Русија е фактор во државата.

Огромен дел од македонските граѓани гледаат на ЕУ како на најголем донатор во земјата, за што се изјасниле 42,2 проценти од анкетираните. Следуваат САД со 16,6 отсто и Турција со 8,2 отсто.