Сараево не го сака Орхан Памук за почесен граѓанин

Loading...

Сараево одби да го прогласи турскиот нобеловец и писател, Орхан Памук, за почесен граѓанин , наводно од страв од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Комитетот на општинскиот совет, кој доби задача да донесе одлука за ова прашање, неделава без објаснување се откажа од претходните намери да му оддаде почит на познатиот писател кој е и познат критичар на политичката ситуација во Турција.

Бакир Изетбеговиќ (член на претседателството на БиХ) е исклучително близок со Ердоган и во мај 2016 година дури доби покана за свадбата на неговата ќерка.

Орхан Памук беше предложен за „почесен граѓанин“ од локална книжарница поради сценариото за филм, посветен на војната во Сараево во 90-тите години.

Управителот на книжарницата вели дека според комитетот „Памук не бил доволно важен за Сараево“.

„Да се каже дека тој (Памук) не е доволно важен за градот, не е никакво објаснување. Овој аргумент е апсурден“, рече тој.

Босанскиот ПЕН клуб испратил „искрено извинување“ на турскиот писател Памук.