Саудискиот крал Салман го прогласи неговиот син, принцот Мохамед бин Салман за наследник на престолот. Tој доаѓа на местото на досегашниот престолонаследник, неговиот роднина, принцот Мохамед бин Најеф. Мохамед бин Салман и до сега беше заменик премиер, а ја задржа и функцијата министер за одбрана, како и другите должности што ги вршеше.

Унапредувањето на Мохамед бил Салман е очекувано, но дојде во неоочекуван момент, кога Саудиска Арабија се соочува со влошување на односите со Катар и Иран и со големата криза во Јемен. Мохамед бин Салман досега ги водеше воените интервенции во Јемен. 31. годиниот принц ја предводеше и енергетската политика со глобалното влијание и ги креираше плановите за економската иднина на земјата за периодот кога повеќе нема да има нафта.

SHARE