Сведоштва на бегалци против грчката полиција

Грчкиот Совет за бегалци објави извештај на 14 страници со бегалски сведоштва за „систематски притисок“ од грчката полиција со цел да ги одвратат да ја поминат границата од Турција кон Грција.

Во серијата интервјуа, жртвите – вклучувајќи и семејства со деца, бремени жени и малолетни лица – го опишуваат тепањето и нечовечното постапување од полицијата и кршењето на меѓународното хуманитарно право, .

Организацијата ги повика грчките власти да ги истражат тврдењата.