Манастирот во селото Зрзе ,,Свето Преображение“ е на 34 километри северозападно од Прилеп, на 1.000 метри надморска височина и во подножјето на планинскиот масив Даутица. До манастирот се пристигнува по асфалтен пат што поминува низ прилепските села Ропотово, Пешталево, Костинци и Зрзе.

На локалитетот на кој што се наоѓа средновековниот манастир Свето Преображение – Зрзе, археолошките научни истражувања ги регистрираа следниве културни слоеви потврдени преку артефактите од повеќе периоди.
-Пештера во карпа, под подот на средновековната пештерна црква со наоди од фрагментирани керамички садови, калцифицирани врз површините од карпата.
-Единечни наоди од садова керамика, откриени при нестручни ископувања или како површински наоди.
-Остатоци од објекти во западниот дел од манастирскиот двор.
-Единечни наоди од садова керамика, откриени при нестручни ископувања или како површински наоди.


Денес манастирот Свето Преображение – Зрзе е епископско седиште на секретарот на САС на МПЦ, Климент Хераклејски. Во февруари 2015. година била завршена реконструкцијата на манастирскиот комплекс, финансирана од Министерството за култура. Притоа, обновен бил манастирскиот конак, а исто така биле извршени зафати и на магерницата, кулата до влезната порта и североисточниот бедем, а била изведена и Горна порта. Претходно, на локацијата биле спроведени археолошки истражувања, кои резултирале со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на 9. век во бигорната карпа и ранохристијанска базилика од 5. век. Паралелно со реконструкцијата на манастирскиот комплекс, Јавното претпријатие за државни патишта го изградил локалниот пат што води до манастирот.

 

SHARE