Светска банка ја намали прогнозата за растот на македонскиот БДП

Светска банка изврши корекција на своето предвидување за растот на македонската економисија во 2018 година, намалувајќи ја прогнозата од 3,3 проценти од проектираните 3,2 отсто во јуни минатата година.

Споредено со земјите од опкружувањето, предвидениот раст на бруто домашен производ (БДП) во Македонија годинава е поголем од тој на Хрватска (2,6 проценти), на Црна Гора (2,8 отсто) и на Србија (3 отсто), а помал од тој на Косово (4,8 отсто), на Бугарија (3,9 отсто) и на Албанија (3,6 отсто), а Босна и Херцеговина ќе има ист како македонскиот.

За 2019 година Светска банка прогнозира раст на македонскиот БДП од 3,9 отсто, а за 2020 година од 4 отсто.

 

Оставете коментар