Најголемиот дијамант беше понуден на аукција и продаден во Женева за речиси 34 милиони долари и тоа е светски рекорд, изјавија од аукциската куќа Кристи.

Отворениот дијамант од 163,41 карати, без недостатоци, изведен на смарагден ѓердан наречен „Арт на Грисогоно“, беше продаден за 33,8 милиони долари, објави аукциската куќа, додавајќи дека ова е незапамтена сума за таков дијамант.

Аукциската куќа Кристи претходно очекуваше дијамантот со „гламурозната убавина и транспарентност“, ископан во Ангола во февруари 2016 година да се продаде за околу 25 милиони долари.

За добивање на крајниот производ, за ваков дијамант и за таканареченото мелење, потребни се 1.700 часа и 14 специјалисти за дијаманти. Неодамна исто на аукцијата, познатиот дијамант „Велики Мазарен“ беше продаден за 14,5 милиони долари.