Финците продолжуваат со доминацијата во спортот кој можеби не е најпопуларен на светот, но секако, бара многу сила и најголема координираност на двојката натпреварувачи. Претставниците на оваа скандинавска земја славеа на Светскиот шампионат на домашен терен, пред Американците и уште една финска двојка. Натпреварите немаат многу филозофија. Треба да се минат 250 метри со сите пречки во најкусо време, женскиот дел од тимот не смее да биде под 49 килограми, а истиот не мора да ви е венчан партнер.

Дали ќе ја носите колешката на раце или на грб е определба на тимот или можеби на капитенот, но како сите настапуваа со вториот стил, не се сомневаме дека тоа е најпрактично.

SHARE