СДСМ ќе гласа за албанскиот јазик, Мицкоски одбиен

Владеачката партија го одби предлогот на лидерот на опозицијата кого го обвинија дека води стари политики.

СДСМ смета дека “Блокирајќи го Законот што тие го прифатија во надеж дека ќе формираат Влада, ги блокираат реформите со што го кочат развојот на Македонија. Со тоа дејствуваат на директна штета на граѓаните и на државата”.

„Христијан Мицкоски продолжува да ги води истите политики што ги водеше неговиот претходник Никола Груевски, а коишто нанесувааат штета врз државните и интересите на граѓаните. Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ и да ги надмине политиките на поделби и омраза на неговиот претходник во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прифатат концептот на едно општество, а не напразно да го споменуваат во јавноста и низ медумите. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна демократска држава и едно општество за сите граѓани“ се наведува во соопштението од СДСМ.