За токму една недела ракометарите на Вардар во Келн ќе се соочат со Барселона во полуфиналето од Фајнал форот во Лигата на шампионите. Нашето деби е во вториот, во подоцнежниот термин (18 часот), а претходно (15.15) се игра мечот меѓу Веспрем и ПСЖ. Во неделата на 4. јуни е разврската, финалето и дуелот за третото место.
Информациите од Ланксес арената и од официјалните билетарници, меѓу нив е и интернет продажбата, говорат дека се уште може да се дојде до билети во слободна продажба, и тоа за сите средби. Причината за нешто помалиот интерес од вообичаено, а Келн е домаќин на најдобрите 4 европски машки ракометни екипи веќе осма година, е тоа што за прв пат нема германски тим, а во половина од овие завршници имаше по два Бундес тима.

Втората причина што се наоѓаат билети за Супер салата во Келн со капацитет од 19.500 гледачи, е висината на цените, која не е за потценување. Така најевтините по натпревар што во моментов се наоѓаат се 90 евра,  а најскапите се 271 евро. Во слободна продажба нема билети за ВИП просторот.

SHARE