Села за бинационална држава, бидејќи Албанците биле една третина!

Loading...

Веднаш по реизборот за претседател на Алијанса за Албанците на првиот конгрес на партијата денеска во Тетово, Зијадин Села меѓу приоритетите ги наведе двојазичноста на целата територија на Македонија и нејзино претворање во бинационална држава, со образложение дека албанското малцинство било една третина од населението?!

„Резолуцијата од Конгресот се однесува на албанскиот јазик. Таа дефиниција за јазиците доаѓа од 19. век – јазици со проценти, со такви работи – а се знае кој народ живее тука, кој е приближно една третина, можеби и повеќе, од вкупното население во Република Македонија. Тоа се Албанците и затоа законот треба да биде за албанскиот јазик“, изјави Села, кој со 606 гласа „за“ и еден „против“ доби нов мандат на чело на партијата.

На Конгресот беа разгледани предлозите за промени во Статутот, меѓу кои и за промена на името на партијата од Алијанса за Албанците во Албанска алијанса, потоа за сведување на мандатот на претседателот на две години итн.