Села не го признава поразот во Струга(ВИДЕО)

Претседателот на Алијансата на Албанците вечерва од Струга порача дека за него и за неговата партија е неприфатлив изборниот резултат, пренесе 24 Вести.
Во вториот круг на изборите за градоначалник на Струга е избран кандидатот на ДУИ, Рамиз Мерко, кој одново се враќа во градоначалничката фотелја.
Овој резултат е неприфатлив за нас, рече Зијадин Села кој обвини дека имало заплашувања и закани на граѓани.
„Кој губи има право да се лути“, возврати Мерко на зборовите на Зијадин Села.

Оставете коментар