Селмани до Владата за Беќир Асани: „Брука“!

Насер Селмани, претседател на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ), побара Владата да даде објаснување за инцидентот во кој функционер на ДУИ нападнал полицајка.

„Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ. Владата должи објаснување кој врши притисок врз полицајката Јасмина Jаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај ‘Мавровка’. Ако не ја заштитиме Јасмина, Македонија ќе биде држава на силеџии како Беќир Асани! Брука!“, Селмани во врска со случајот.

Селмани е еден од ретките Албанци кој јавно собра храброст да го каже својот став за ицидентот.

Бекир Асани се смета за еден од најмоќните луѓе во ДУИ и во општина Чаир.