Италија одигра само 0-0 во реванш бараж мечот со Шведска и не ја анулираа негативата од првите 90 минути од 0-1, што ја елиминира од настап на мундијалот во Русија. На Сан Сиро Аѕурите имаа повеќе од мечот, како впрочем и на првата средба пред три дена, но единствен погодок остана оној на Јохансон од Стокхолм во петокот кога многу среќно и по карамбол беше совладан Џиџи Буфон. Тој веднаш по мечот рече дека завршува со настапите за националната селекција.

Овој неуспех на Италија се случува по 6 децении бидејќи тие само два пати не играле на завршница на СП, а последен пат тоа беше во 1958 година. За Шведска пак, ова ќе биде 12 настап на собирот на најголемите фудбалски нации, со тоа што претставува и камбек зошто Скандинавците ги пропуштија двете последни Светски првенства.

Оставете коментар