Според извори блиски до најдобрата тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс и нејзиниот вереник, ко-основачот на социјалната мрежа Reddit, Алексис Oханиан, овие денови треба да ја озаконат нивната двегодишна врска.
36 годишната Серена и две години помладиот вереник, кој пред два месеци за прв пат станаа родители на малата Алексис, се во последни подготовки за свадбата што треба да се одржи во Њу Орлеанс и на која ќе бидат присутни околу 250 гости. Според желбата на невестата, сè треба да биде во бели и пастелни тонови.

Серена Вилијамс со својата сестра Венус и пријателките веќе правеше моминска вечер односно викенд во Њујорк. Девојките отседнаа во „Baccarat“ хотелот, денот го поминаа во туристичка обиколка низ градот, а потоа седеа во ресторанот „Legasea“ и вечераа морска храна.
По вечерата, тие отишле во покривот на клубот PH-D и таму се забавувале до раните утрински часови, по што се вратиле во хотелот. По пауза од тешкиот ден, тие следниот го минале релаксирајќи се во Спа центарот во рамките на хотелот.

Серена Вилијамс и Алексис Оханиан се свршија во декември 2016 година.

Оставете коментар