Додека неговите колеги од Реал Мадрид и шпанската репрезентација испраќаат фотографии од најмонденските одморалишта, халфот на кралевите е во најсиромашните делови од Јужна Америка, и тоа за да се дружи со најмалите и да им помогне. Серхио Рамос дојде да одигра мал фудбал со момчиња и девојчиња во Перу и да донесе помош за тие што немаат ниту за основните потреби.

“Ова е мојот пријател Џошуа. Има две години и 8 месеци и патеше од хронична неухранетост. Сега е веќе подобро и тој “качи” еден килограм”, напиша капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос кој во Перу доживеа овации на сите места на кои се појави.

SHARE