Loading...

Вардар не пропушти можност да слави и кај Војводина во порано одиграниот меч од 18 коло иако ниту форсираше, ниту се трошеше. На крајот во Нови Сад 36-32 со постојано водство на скопјани и без опасност, без закана од последниот на табелата. За претстава 8-5 за Вардар на средина 17-13 на крајот од првиот дел. Во вториот разликата паѓаше до два, но и се качуваше до седум гола што најдобро говори за константноста на Вардарци во чии редови Циндриќ даде 7, а Карачиќ и Македа по пет гола.

Во следното, претпоследно 17 коло во регионалниот ракометен натпревар ќе се игра во вторник и среда, а во тие термини Металург оди кај Татран, а Вардар го дочекува Нексе.

За доминацијата на црвено црните во досегашниот дел од СЕХА најдобро сведочи фактот дека од можните 51 се освоени 49 бодови.