Се бара испитување на 20 милиони евра вреден имот на вицепремиерот Османи

Новинарот Зоран Божиновски бара испитување на имотот на вицепремиерот Бујар Османи кој според тврдењето објавено на социјалните мрежи е вреден 20 милиони евра.

“Aктуелен вицепремиер во актуелнат Влада Бујар Османи од сиромашно момче од Чаир, син на контролор на градски автобус стигна до еден од најбогатите политичари во Македонија со имот вреден повеќе од 20 милиони евра (убедливо најкорумпиран после Груевски и Мијалков).

Ајде испитување на потекло на имот! Ајде 3 ајде 6 ајде 9…”, пишува Божиновски кој беше еден од најжестоките критичари на предходната влада а во ист стил продолжува и сега.

Божиновски долго време беше во екстрадициски притвор во Србија затоа што во Македонија беше суден во случајот “Шпион”.