Се бара песот што изгриза шестмина во Ново Лисиче

Градските власти и шинтерските служби сеуште не можат да го пронајдат кучето што вечерва искасало 6 лица во населбата Ново Лисиче во Скопје.

Сите нападнати биле примени во ургентниот центар во скопскиот клинички центар но според информациите од таму ниту еден не е во животна опасност.

Според очевидци на нападите кучето било агресивно и напаѓало без никаква провокација, а поголем дел од нападнатите се деца.

Тие што се соочиле со него поради хаосот што настанал при нападите не можат со сигурност да потврдат дека се работи за ротфалјлер или американски питбул.

Агресивниот пес бил крупен, млад и со црна боја на крзното.

За да се знае веднаш дали постои можност искасаните да се заразени од беснило веднаш мора да се најде песот и да се провери од ветеринар неговата здравствена состојба.

Според првичните информации нападнати и повредени биле 22 лица но официјално се работи за 6 жртви на бесното куче од кои 4 се деца.