Се бара Ферид Мухиќ

Новинарката Светлана Поп Дучева јавно прашува каде е пратеникот на СДСМ Ферид Мухиќ, нејзин професор на факултет

“Да не сте го виделе некаде пратеникот Ферид Мухиќ?! Професорот де, што не учеше на парадигми и што го величавме поради елоквентност и знаење. Сте го виделе ли да се истопори на говорница и каже нешто мудро – на пример, застане во одбрана на човековите права – зашто нему и одредницата човек му беше малку.
Да не сте го сретнале…некаде…”, пишува Поп Дучева во својот иронично – циничен статус на социјалните мрежи за својот некогаш високо почитуван професор.

Професорот Мухиќ кој вообичаено е постојано присутен во јавноста за разни прашања веќе подолго време не дал свој став за актуелните политички теми.

Откако стана кандидат за пратеник на СДСМ беше критикуван дека молчел 10 години за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ а го напаѓаа и активисти за права на животните затоа што поддржува борби на кучиња.

Да потсетиме, професорот, односно пратеникот Ферид Мухиќ, одигра клучна улога во изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието иако не беше и најстар пратеник во парламентот.