Се друго е решено, само уште името, уставот и идентитетот

Loading...

Во анализа под наслов „Чести контакти, но без договор за тешките прашања“, весникот Катимерини ги анализира последните случувања во македонско – грчките односи.

– Преговорите меѓу Скопје и Атина за разликите околу името влегуваат во непознати води, бидејќи разговорите меѓу двајцата министри за надворешни работи имаат доста напреднато, пронаоѓајќи одговори само за некои од прашањата за кои што се разговара, пишува „Катимерини“ во анализата.

Како најтешки точки во разговорите се навројуваат името, идентитетот и Уставот.

– Се чини дека јазикот и идентитетот се најтешките точки за соседната земја. Господата Заев и Димитров, постојано зборуваа за потребата за почитување на достоинството на нивните сограѓани, алудирајќи директно на овие две прашања. Македонското прашање никогаш не беше проблем со лесни аспекти, како што произлегува од различни детали. Генерално, различни извори проценуваат дека решение за името „Горна Македонија“ е она што е одбрано меѓу останатите 4 имиња што беа поставени на маса од Нимиц, пишува весникот, потестувајќи дека Атина преферира името да биде на македонски без превод на другите јазици.

За Катимерини ревизијата на Уставот на ПЈРМ – претставуава слон во собата, при што се алудира на фактот дека во последно време во Фрција се дава големо значење на промената на Уставот и покрај тоа што и двете страни добро знаат дека тоа „практично е невозможно да се случи врз база на денешните политички корелации во соседната земја“.