Се е подготвено Македонец да стане Македонка

Во сабота во приватната клиничката болница „Аџибадем Систина“, за првпат во историјата на Македонија ќе  изведе  хируршка интервенција за промена на пол со што еден Македонец ќе стане Македонка.

Засега болницата не го открива човекот што се решил наместо пенис да добие вагина и гради.

Интервенцијата ќе биде во рамките на симпозиумот за генитално -реконструктивна хирургија кој од вчера до утре се одржува во „Аџибадем Систина“.
SHARE