Се крчка нова цена на струјата

Енергетските компании  ги подготвија  пресметките за трошоците ки ги имале годинава. Сега  регулаторната комисија за енергетика треба да реши дали ќе има корекција на цената на електричната енергија.

Според информациите, ЕЛЕМ И ЕВН веќе ги доставиле материјалите до регулаторната комисија, а сега се чекаат пресметките од МЕПСО, за регулаторот да има јасна слика и да може да ја формира новата цена на струјата која ќе важи од 1 јули.

ЕЛЕМ неколку пати информираше дека цената нема да се зголеми и покрај интервентниот увоз на струја во јануари годинава.

Од останатите две енергетски компании не откриваат какви пресметки имаат и што ќе достават до регулаторната комисија.

Во моментов , корисниците на електрична енергија плаќаат 5,56 денари за киловат час во скапата тарифа и нешто над два и пол денари за потрошена струја во евтината тарифа.

Лани цената на струјата се намали за минимални 0,25%.

SHARE