Македонија има одлични 11-11 против Словенија по 30 минути игра од натпреварот од првото коло од групата Ц од Европското ракометно првенство во Загреб. Иако не водиме презадоволни сме од актуелното реми бидејќи постојано бевме во негатива која стасуваше до три разлика, постоеја закани и за четири, а во еден миг немавме решение за противничкиот голман Скок кој до 20 минута имаше 8 одбрани. Впрочем до нерешено на половина од мечот дојдовме со серија од 3-0 во завршните 2 минути и со погодок на Талевски во последната секунда. Кире Лазаров не преводи со пет гола, а одлично издание во финишот на првиот дел имаше и голманот Митревски кој врза четири одбрани.
Инаку во првиот меч од нашата група Германија ја совлада Црна Гора со 32-19.

Оставете коментар