Се поголеми се шансите Роналдо да се појави на „Арената Филип Втори“?

Откако португалската фудбалска федерација му даде одмор за да биде со неговите новородени близнаци се зголемија шансите еден од најдобрите фудбалери во светската историја да заигра на арената Филип Втори во Скопје на 8 август.

Кристијано Роналдо нема да игра во мечот за третото место против Мексико со што португалскиот ас ќе добие 5 дополнителни денови одмор во пресрет на новата сезона. Со тоа според британските фудбалски експерти се зголемија шансите тој да заигра во Суперкупот на Европа што се игра во Скопје меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Дел од фудбалските аналитичари на островот кои знаат за намерите на Мурињо повторно да го врати Роналдо во Манчестер прашуваат дали ако заигра на 8 август во Скопје тој ќе го облече дресот на црвените ѓаволи или белиот на кралскиот клуб.

Cristiano Ronaldo had a good reason to start his break early.

SHARE