Се помалку Македонци сакаат да емигрираат, Косово на исто ниво со нас

 

 

Според последното истражување на глобалната агенција за истражување на јавното мислење „Галуп“ во Македонија е намален бројот на луѓе што сакаат за постојано да ја напуштат земјата и да продолжат да живеат на друго место на светот.

Според истражувањето спроведено на примерок од околу 586 илјади луѓе од 156 земји во периодот од 2013 до 2016 година Македонија е во групата од 31 земја во кои постои највисоко ниво на желба за емиграција. Овие 156 земји претставуваат 98 % од целосто светско население.

Споредено со предходниот период 2010 – 2012 кога од Македонија сакале да емигрираат 35 % од населението сега овој процент е за еден насто понизок и е на ниво од 34 %.

На исто ниво како Македонија е и Косово со 34 % но таму има скок од 5 % затоа што во предходното истражување околу 29 % од Косоварите сакале да заминат за постојано од својата земја.

Меѓу водечките земји чии жители сакаат да емигрираат е Албанија со 56 % од државјаните кои бараат спас во странство што е дури 10 % повеќе од Сиријците кои што сакаат да заминат од земјата зафатена од војна. Во Албанија пред три години имало 20 % или 36 % од граѓаните со желба да емигрираат. Зад Албанија е Ерменија со 47 % од граѓаните кои бараат начин да заминат.

Од европските членки најмалку задоволни со животот во својата земја се Италијаните од кои 32 % би сакале да живеат во други земји а слични резултати како во Македонија има и во Босна и Херцеговина, Кипар и Молдавија.

Останатите најзагрзени земји во оваа категорија се од Африка, Централна и Јужна Америка.

SHARE