Силно полициско обезбедување на митингот за одбрана на името во Скопје

Loading...

Силно полициско обезбедување е забележливо вечерва на митингот за одбрана на името на Македонија на кој присуствуваат неколку илјади граѓани.

Организаторите и пред почетокот на собирот предупредуваа да се избегнуваат сите ситуации кои би можеле да доведат до нарушување на редот и да не се подлегнува на евентуални провокации и насилни акции од поединци кои би можеле да го нарушат достоинството на Митингот.

„Достоинствени, како што ни доликува. Не потпаѓајте на провокации, на лажни вести и спинови. Ќе нè има секакви, но едно е важно: во право сме“, напиша лидерот на новоформираната партија Глас за Македонија во апелот до симпатизерите да се приклучат на протестниот собир.

Масата луѓе е одвоена на растојание од десетина метри од зградата Мисијата на Европската унија од каде, според програмата започна собирот и од каде нешто подоцна протестот  ЕУ ќе продолжи со марш преку булеварите „Свети Климент Охридски“ и „Димитрија Чупоски“ до Собрание на Република Македонија.