„Доколку мојот имот беше државен, зошто тогаш државата мораше да го конфискува во 1946 година“, изјави вчера во Пловдив поранешниот бугарски монарх (1943-1946) и експремиер на Бугарија (2001-2005), Симеон Сакскобурготски, одговарајќи на прашањето за судбината на царските имоти.

„Доколку ми простите за фразата, случајот со кралските својства е како стара ‘мастика за џвакање’ што многумина ја користат. Јас ќе одговорам само со едно нешто – во 1946 година имотите беа конфискувани и државата ги национализираше. Но, ако беа нејзини (државни-н.з.) дали ќе го направеше тоа. Ако некој ми одговори на тоа – ќе разбере за што зборувам“, рече наследникот на Цар Борис и на бугарската монархија која беше укината во 1946 година.

Во вторникот стана јасно дека спорот за имот на бугарскиот цар Симеон се враќа на суд. Ова се случи откако државата направи нов чекор во случајот и се откажа од договорот со семејството Сакскобурготски.

Министерството за правда препорача дека барањата за наследството врз палатите и шумите треба да бидат регулирани со посебен закон што треба да го усвои парламентот .

Вчера адвокатот Михаил Екимджиев кој го застапува Симеон Саксобурготски пред Европскиот суд за човекови права во случајот против Бугарија, потсети во интервју за еден бугарски медиум дека во 1998 година Уставниот суд го прогласи за неуставен законот донесен по Втората светска војна, со кој беа конфискувани и национализирани имотите на царското семејство.

Подоцна имотите беа вратени и со години Саксобурготски и неговите блиски плаќале даноци и за одржување и поправки. .

Во 2009 година година, бугарскиот парламент стави мораториум на имотите со забелешка дека тој ќе важи додека не биде донесен посебен закон за нив.

Веќе 8 години тоа не се случава, крајно време е да се прифати овој закон, вели адвокатот Екимджиев.

Оставете коментар