Министерот за култура Роберт Алаѓозовски упати необична честитка до македонските граѓани за утрешниот празник Св. Климент Охридски, која веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Не поради содржината на искрената честитка, туку поради трите (потцртани) и уште две грешки што се поткраднаа во текстот од петнаесетина зборови.

„Утре е Денот на свети Климент охрдиски, денот на нашиот нај голем просфетител! Имго честитам на сите граѓани!“, напиша Алаѓозовски на „Твитер“.

Подоцна на „Фејсбук“ министерот објасни дека намерно постирал порака со грешки.

„Оваа објава содржеше намерно направени правописни грешки. Вашите реакции ја покажуваат грижата која како граѓани ја имате кон негата и зачувувањето на македонскиот јазик и писменост. Токму поради тоа што и ние се грижиме за истото, ја направивме електронската верзија на Правописот на македонски јазик достапна и бесплатна. Сите граѓани имаат право на јавно добро, со кое го унапредуваме и развиваме јазикот. Бесплатната електронска верзија на Правописот можете да ја симнете на www.pravopis.mk.“, напиша тој.

Оставете коментар