Гитарата на музичката икона Принс беше продадена од аукциската куќа на Џулиен во Лос Анџелес за 700.000 долари, што е највисока цена за гитарата од починат музичар.

Очекуваната цена на прославената „Blue Guitar Cloud“ беше меѓу 60.000 и 80.000 долари.

На аукцијата им беа понудени уште неколку предмети кои му припаѓаа на Принс, но и на дриги ѕвезди.

така дијамантските ракавици на Мајкл Џексон постигнаа цена од 102.000 долари, а црвената јакна од кожа е продадена за 118.000 долари. Кошула „Нехру“ од Џими Хендрикс достигна за 106.000 долари, а ракописот од песната „Starman“ на Дејвид Боуви е продадена за 81.000 долари.

Оставете коментар