Во борбата против сообраќајниот метеж, Сингапур го ограничува бројот на автомобили на кои им е дозволено да се движат низ градот. Власитет бараат уплата и добивање на лиценци кој достигнуваат и до 31.000 евра по возило. Се се чини со цел поттикнување на граѓаните да го користат повеќе јавниот превоз.

Удирањето по паричник на возачот со „дозвола за движење“, која чини исто колку еден автомобил, се покажа како успешна мерка во овој град-држава во Југоисточна Азија.

Сообраќајот е релативно добар во споредба со другите метрополи во регионот како што се Џакарта или Манила. Голема е обврската да се одржи оваа скапа дозвола, но тоа е тешко или невозможно да се воведе на друго место, бидејќи тоа е специфика за Сингапур, каде што населението е навикнато да строги прописи.

Во Сингапур воопшто казнениот систем е драконски. Така далеку построги се казните за фрлање хартија на улица или украсување на фасади, а дел се процесуираат како кривични дела.

Оставете коментар