Сите министри на Ахмети: Садула Дураку, човекот што ги остави Кумановци жедни

Садула Дураку е кандидатот на лидерот на ДУИ за нов министер за екологија иако од оваа област нема никакви стручни познавања ниту пак има искуство во заштита на животната средина освен ако не е претседател на некога невладина организација за што јавност досега не е запозната.

Македонската и светската јавност го запознаа во 2001 година кога како командант на УЧК го затвори вентилот на Липковската брана и повеќе од два месеци во текот на летото ги држеше Кумановци без вода која што се дистрибуираше со цистерни. Од водата која што тогаш принудно се користеше од артешките бунари од цревни заболувања заболеа стотици кумановци од сите националности вклучително и Албанци.

Иако според Хашките конвенции прекинот на вода за пиење се смета за злосторство против човештвото Дураку никогаш не беше изведен пред лицето на правдата за своите нехумани дела против Кумановци затоа што Хашкиот трибунал ги врати сите дела на ОНА во македонските судови а македонската влада во која беа ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ во 2009 година донесоа закон за амнестија на истите.

Друг бисер во неговата кариера беше кражбата на 80 илјади евра за кои своевремено пишуваа македонските медиуми а за која Дураку уредно пријавил во кумановската полиција. Тој негираше дека кражбата се случила кај него туку кај неговиот брат.

Друг пат Дураку беше присутен во јавноста откако медиумите открија дека во април  2015 година непосредно пред настаните во Куманово тој бил мета на косовски криминалци со кои во 2001 година се бореше против македонската држава.

Како министер за земјоделие и водостопанство од 2002 до 2006 година Дураку не беше запамтен по ниту еден проект од интерес за граѓаните. Сега благодарение на неговиот лидер Али Амети добива нова шанса во Екологија.

SHARE