Истражувањето на угледот на ознаката “Произведено во …” на разновидни производи покажа дека Германија е земјата во која купувачите имаат најмногу доверба. Испитаниците веруваат во германските марки и сметаа дека тие имаат повеќе позитивни страни од производите кои носат етикети на други земји.

Во анкетата на истражувачката агенција “Statista” биле вклучени повеќе од 43 илјади луѓе од 52 земји плус од сите во Европската Унија.  Испитувањето покажало дека купувачите најмалку имаат доверба во производи на кои стои “Произведено во Кина”.

Етикетата “Произведено во …”, беше воведена од страна на Британците уште на крајот на 19. век со намера јасно да ги одвои своите производи од тие од евтин увоз и копии изработени од страна на Германците, се потсетува во извештајот на агенцијата “Statista”.

“Не е тајна дека оваа перцепција се промени прилично брзо и етикетата “Произведено во Германија”, стана знак за квалитет што најмногу се должи на германското економско чудо на педесеттите години на 20 век”, изјави од германскиот истражувач на пазарот, пренесува порталот thelocal.de .

Извештајот покажа дека денеска етикетата “Произведено во Германија”, обично е поврзано со висок квалитет и стандарди за безбедност на производите. По нив најценети производи се тие направени во Швајцарија, ЕУ, Велика Британија и Шведска.

Убедливо најмалку доверба кај потрошувачите имаат производите кои, најчесто на обвивката, имаат ознака “Произведено во Кина”.