Скопје трет најевтин град за странци во светот

Анализирајќи ги трошоците за живот на странските државјани, консултантската фирма „Мерсер“ го позиционира Скопје на третото место меѓу најевтините градови за странци во светот.

Пред главниот град на Македонија се само Тунис и престолнината на Киргистан, Бишкек, а веднаш за Скопје се најдоа Виндхук од Намибија и Минск од Белорусија.

Најскапи градови за странци во светот се Луанда од Ангола, Хонгконг, Токио, Цирих и Сингапур.

„Мерсер“ е глобален консултантски лидер за човечки ресурси со седиште во Њујорк, со испостави во 40 земји, а оперира во 130 држави во светот.