Интернет порталот на сваниот американски музејски комплекс „Смитсонијан“ од Вашингтон на американската и светската публика деновиве им го претставува македонскиот Рис поточно првото новородено од загрозениот вид мачки во последниве десетина години кое што е снимено во Македонија.

Оригиналниот текст кој го презема Смитсонијан е напишан од Марија Болевич новинар на магазинот „New Scientist“.

Во текстот се цитира еколошката група „Еуронатур“ според која има само уште околу 50 балкански рисови.

Во текстот објавен од Смитсонијан се раскажува за активностите на „Македонското еколошко друштво“ кое што по низа подготовки и активности успеало да го сними малиот рис во Националниот парк Маврово.

Новородениот рис чија слика ја објавува „Смитсонијан“ го сликал ловецот и долгогодишен волонтер на проектот Панајот Чороски кој го открил бебето Рис.

SHARE