Последната слика на италијанскиот уметник Леонардо да Винчи во сопственост на приватен колекционер ќе се продава во Њујорк на 15 ноември на аукција што е организирана од куќата на Кристи. Сликата се проценува на околу 100 милиони долари.

„Спасителот на светот (Салвадор Мунди)“ е слика на Христос што претставува извонредно ремек-дела. Долго време се сметаше за копија, но експертите подоцна ја потврдија нејзината автентичност.

До денеска се сочувани помалку од 20 платна на Леонардо да Винчи, ренесансен сликар, чија работа била ценета уште во времето на неговиот живот, велат од Кристи. Со „Салвадор Мунди“ сите слики се во сопственост на музеи и галерии.

Пред аукцијата, сликата ќе биде прикажана во Хонг Конг, Сан Франциско и во Лондон, од каде ќе отпатува за Њујорк, каде што јавноста ќе може да ја види пред аукцијата.

Сликата со скромна големина од 65 x 45 сантиметри беше обновена по изложбата на Да Винчи во Националната галерија во Лондон 2011-2012, а последен пат беше продадена на европски колектор чиј идентитет не е познат.