Победите на Англија против домаќинот на ЕП за фудбалери до 21 година, Полска од 3-0 и особено триумот на Словачка со Шведска од 3-0 ја завршија нашата приказна на шампионатот уште пред да го одиграме натпреварот од третото коло. Со Португалците се среќаваме в петок од 20. 45 во Гдиња и за да останеа барем теоретски шанси да се надеваме дека со победа од 5 или 6 гола разлика, што исто веројатно беше илузија, требаше барем мечот на Словачка да заврши со реми.

Но Словаците очигледно имаат добра генерација кога во пресудниот дуел ја поништија Шведска и сега со 6 бода и гол разлика 6-3 чекаат расплет на другите две групи. Португалците најконкретно за да бидат пред Словаците ќе треба против нас да победат, ни и да обезбедат најмалку 4 гола разлика, а и тоа не им гарантира полуфинале покрај до сега познатите прваци на групите: Англија и Шпанија.

SHARE