Словенија откажува послушност – нема да одат против Русите

Loading...

Министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, изјави дека владата нема да предложи дипломатски мерки против руски дипломти за да демонстрира солидарност со Велика Британија.

Владата во Љубљана утре ќе расправа за случајот со нападнатиот поранешен руски агент Сергеј Скрипал во англискиот град Солцбург со нервен гас.

Словенија е една од осумте членки на ЕУ кои не се одлучија за дипломатски мерки за да изразат солидарност со Лондон.

„За сега мислам дека прво е потребно да се разјасни што се случи во Солзбери, тоа е многу нејасен и бизарен случај“, изјавуил министерот Ерјавец за новинарите пред редовниот состанок на коалицијата на кој се одредува агендата за редовна седница на владата.

Ерјавец претходно неелава изјави дека Словенија не размислува за дипломатски санкции, или за симболично протерување на руски дипломат од руската амбасада во Љубљана, односно дека меѓународната истрага допрва треба да  утврди што се случило во Солзбери.