Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Врховниот суд надлежен за оценување на случајот „Монструм“, гласал да се врати предметот во Основниот суд.

Алсат-М, повикувајќи се на сигурни извори, пишува дека пет судии се произнеле ‘за’ таква одлука.

Дека случајот „Монструм” ќе се врати од почетокот, една недела претходно најави обвинителката Лилјана Спасовска, која го водеше случајот и која пред две недели побарала повисок орган да одлучи за судбината на овој случај.

За петкратното убиство во Смилковското езеро што се случи во 2012 година на доживотен затвор беа осудени шест лица под обвинение за тероризам.