Loading...

Денеска во Скопје се одржа редовно годишно собрание на Фудбалската федерација на Македонија на кое актуелниот претседател Илчо Георгиевски доби поддршка за сите точки, ставови, проекти, идеи, и тоа од максималниот број присутни делегати, а станува збор а вкупно 94 членови на највисокиот форум во нашиот фудбал. Ваквиот исход на собранието на кое воопшто немаше дебата и кое потсетуваше на други земји, многу попознати лиери и диктатури, и од минати времења, воопшто не кореспондира со актуелната состојба во нашиот фудбал, со условите за натпревари, со правата на играчите, со квалитетот на лигите, па и со начинот на кој се води федерацијата, но тоа не ги спречи депутатите да ги „истресат“ зелените, во случајов ливчиња.

Малку чуди задоволство од се, а најмногу од резултатите постигнати минатата година кај претседателот на ФФМ и уверувањето дека во тој правец ќе се продолжи за понатамошен развој на македонскиот фудбал, и тоа дека тој ќе ни донесе добивки, особено ако се знае дека токму во текот на минатата година се симнавме, паднавме на позиции на ФИФА листата, на кои не сме биле никогаш порано.

Декор на собранието беше прославениот хрватски напаѓач Давор Шукер, кој во својство на претставник на УЕФА, не го криеше одушевувањето од „компатибилноста“ на нашиот фудбалски апарат, нешто што веројано нему не му се случило ниту на сон во водењето на неговиот Хрватскиот фудбалски сојуз.