Соколи го разнесоа МЗТ и изедначија во финалето од плеј офот

Конечниот резултат можеби и не отсликува најдобро, но Карпош Соколи убедливо и уверливо го совлада МЗТ Скопје со 104-93 и изедначи на 1-1 во финалето на првенството. Победата на домаќинот во Борис Трајковски е остварена уште во првото полувреме кога Соколите со перфектен шут уфрлија 60 поени, а во општата бркотница примија само 42.  МЗТ во тој дел беше неверојатно слаб. Ни скок, ни затворање, ни концентрација и плус со неколкумина надвор од ритам.

Во продолжението особено во последната четвртина имаше и порамноправен дуел, но пресуди многу висока рана разлика иако во последната четвртина екипата Аеродром дојде до 96-91. Тој дел МЗТ го доби со 37-23, но не се созеде навреме и никако не можеше да се врати од споменатите -18. Во исто време Соколи имаа доволно расположени и што е поважно тие беа на различни позиции.

Така центрите Лабовиќ и Трајковски дадоа 23 односно 14 поени, крилото Зековиќ 13, плејот Мавра 19, а вториот бек Пери 14. Кај МЗТ Скопје отскокнуваа единствено Клоф со 19 и Лалиќ со 16 поени. По вечерашните: Карпош Соколи-МЗТ Скопје 104-93 сега е 1-1, финалната серија, потсетуваме, ќе трае до три триумфа на еден од противниците, а следниот меч е в петок во Јане Сандански.

SHARE