Соларните патишта станаа реалност во Кина (ВИДЕО)

Да произведувате електрична енергија додека возите автомобил – пред неколку децении можеби звучеше апсурдно, но не и во 21-от век. Веќе смело може да се каже дека иднината е тука, бидејќи првиот соларен автопат веќе е факт во Кина.

Дел од обиколницата, недалеку од кинескиот град Жинан, се здоби со таканаречен „транспарентен бетон“, под кој се поставени соларни панели.

Еден километар или 5.875 квадратни метри се покриени со соларни панели, кои ќе произведуваат еден милион киловати електрична енергија годишно.

Ова е доволно за да се задоволи потрошувачката на 800 домаќинства. Електричната енергија од панелите исто така ќе се користи за осветлување на автопатот и тунелите, за камери и за патарините.

Предвидено е во иднина „соларни патишта“ да се користат за полнење на електрични возила на патот и за интернет конекција.

Оставете коментар