Солунското пристаниште ќе гради логистички центар во Македонија

Новите газди на солунското пристаниште ќе градат логистички центри во Солун, во Македонија и во Бугарија, најавиле претставници на конзорциумот составен од германска, француска и фирма управувана од руски бизнисмени на прес конференција во Солун.

Идејата на германската ДИЕМ, француската ЦМА – ЦГМ и руската Савидис груп е најголемото грчко пристаниште да го претворат во главна раскрсница во Југоисточна Европа и за тоа ќе отвораат логистички центри во Македонија и во внатрешноста на Бугарија.

Меѓународниот конзорциум за 67 % од солунското пристаниште платил околу 232 милиони евра.

Предходно доминантен сопственик на Атинското пристаниште Пиреја стана кинеската компанија Коско.