Соседи спречиле 71-годишник да биде згмечен од ѕид

Loading...

Илми Имери, 71-годишен тетовец, секунди го делеле од сигурна смрт откако 10-метарски бетонски ѕид од неговата куќа се урнал внатре, поради земјиште што од силен дожд се излизгало врз куќата.

Соседите интервенирале откако виделе дека земјиштето му го урнисало ѕидот, влетале во куќата и го извлекле Имери.

-Слушнав силна бучава, како да надоаѓаше бура. Излеговме сите соседи и го видовме хаосот. Брзо влеговме во куќата и го извлековме за среќа неповреден, раскажува еден од соседите.

Ако ова се случело пред само една недела можело да биде фатално за петте внуци на Имери кои биле на гости. Тој живее во стара куќа со пензија од 8000 денари, а во понеделник ќе моли за помош во тетовската општина.