Софија го повика амбасадорот од Москва на консултации

Бугарскиот премиер Бојко Борисов телефонски разговорал со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Руската Федерација, Бојко Коцев, во врска со случајот Скрипал и за реакциите во Русија, Европската унија и меѓународната заедница.

Премиерот Борисов му наредил на амбасадорот Коцев да се врати во Софија за консултации со бугарската влада, јави бугарската агенција БГНЕС.