Со какво знаме го пречека Груевски еврокомесарот Хан

Ханс Ван Ден Берг, холандскиот експерт за Балканот како што сам се претставува, му забележува на лидерот на ВМРО – ДПНЕ Никола Груевски дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан  го пречекал со погрешно знаме.

Коментирајќи ги сликите од средбата кои што ги објави соработникот на Хан, Гркот Кириакос Хараламбус  Ван Ден Берг вели наредниот пат Хан треба да го охрабри Груевски да постави знаме на ЕУ а не само Македонско и партиско.

Хараламбус сликите ги објави со коментар според кој на средбата Груевски бил охрабрен да придонесе за ЕУ реформите и му било пренесен ставот дека е потребна меѓупартиска соработка особено во билатералните односи со соседите.

Средбата меѓу Хан и Груевски се одржа во партиските простории на ВМРО – ДПМНЕ.

Ханс Ван Ден Берг  за себе вели дека е советник за Југоисточна Европа, аналитичар автор и консултант за дипломатска содржина и контекст. На неговиот профил пишува дека е директор на БИП но на интернет нема информации за каков ентитет станува збор.

Тој е поранешен директтор на невладината организација „АЛБ ФАКТ“ со седиште во Холандија која што работи на промоција на албанското прашање и нуди информации за Западниот Балкан и Албанскиот фактор во регионот.

SHARE