Една студија која ги истражуваше манипулаците со социјалните мрежи покажа дека од 65 анкетирани држави, владите на 30 од нив ги насочувале информациите во погрешна насока.

Македонија не беше меѓу анкетираните во истражувањето.

Изобличувањето на информациите се одвива на различни начини – платени коментатори, тролови, „ботови“ – диструбуција на лажни вести и пропагандни изданија, открива извештајот „Слобода на интернетот во 2017 година“ на Фридом хаус.

Истражувањето покажа дека онлајн манипулацијата и дезинформации одиграа важна улога во изборите во најмалку 18 земји во изминатата година, вклучувајќи ги и САД.

„Користењето на платени коментатори и политички ботови за ширење на владината пропаганда беше иницирана од Кина и Русија, но сега таа е глобална”, вели  Мајкл Абрамович, претседател на „Фридом хаус“.

Други земји ги зголемуваат своите напори за цензурирање и манипулирање со информациите.

Пример за тоа се „војниците на тастатура“ односно луѓе кои се ангажирани по 10 долари дневно во Филипини со задача да создадат впечаток дека бруталната акција на властите против шверцот со дрога има широка поддршка.

Во Турција, властите користат околу 6.000 луѓе за да работат против владините противници во социјалните мрежи.

Оставете коментар