Со парите од Паје, Вест Хем го купува Мертенс

Лошата сезона во Премиер лигата ги разочара навивачите на Вест Хеми го принуди раководството, па и тренерот Славен Билиќ да размислуваат за голем трансфер на лето. Од Лондон погледнуваат кон Неапол и го посакуваат Белгиецот Дрис Мертенс кој веќе најави дека наскоро си заминува од Сан Паоло.
Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис нема да го задржува Мертенс иако тој сезонава има 33 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања, но ќе ја подигне трансфер сумата на 30 милиони евра. Тоа, интересно, би биле истите пари што сред сезона Вест Хем ги заработи од продажбата на Дмитри Паје во Олимпик Марсеј.

SHARE