Италијански град протера околу 200 имигранти и ги блокира плановите за изградба на џамија, во пресрет на парламентарните избори што се одржаа минатата недела.

Сесто Сан Џовани кој има 82.000 жители и се наоѓа на периферијата на Милано, ќе воведе технологија за препознавање лица преку уличните камери, усовршена во Израел, за да се открие секој мигрант кој ќе влезе во градот, пренесува „The Times“.

Роберто Ди Стефано градоначалник на Сесто Сан Џовани вели дека многу градови се прашуваат како нивното место било толку успешно во спречувањето на проблемите со мигрантите, пренесува „Раша тудеј“.

„Градоначалниците бараат совети од нас, левицата планираше да спроведе изградба на огромна џамија во нашиот град, овој план од мојот град ќе создадеше италијанска Мека, местото би станало магнет за муслиманите”, истакнува Ди Стефано и додава:

“Инсистиравме да поставиме камери за препознавање на лица, модел кој веќе се применува во Израел, со цел да знаеме кој влегува и излегува во нашиот град”.